ДПА е поблизу до коалиција со СДСМ, отколку со албанските политички партии. Ова го изјави самиот Мендух Тачи денеска пред почетокот на состанокот на централното раководство на неговата партија. Според Тачи, коалицијата со БЕСА и Алијансата за Албанците е невозможна.

Јас не припаѓам на групата политичари кои се однесуваат опортунистички. Состојбите се многу јасни, после тоа што го работевме со премиерот и лидер на СДСМ, во него гледаме многу поголема подготвеност да зборуваме за сите теми кои се отворени. Без да се отстранат заслугите на премиерот Заев за деблокирање на процесот на интеграција и мислиме дека сме многу поблиску да разговараме понатаму и со премиерот и со СДСМ, рече Тачи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.