Многу ми е „симпатично“ што Ахмети сега се бори за Македонија да биде членка на НАТО и на Европската Унија (ЕУ), а тој удри со оружје на оваа држава кога ние го потпишавме Договор за асоцијација и стабилизација, иронизира Мендух Тачи за време на вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21.
Не може така да ги гледаме работите, низ прсти. Не можеме да заборавиме десет години власт на ДУИ со ВМРО и со Груевски. Дали во таа власт, каде имаше сешто, ДУИ немаше никаква одговорност. Единствена нивна среќа е што успеаја двапати со математика. Првиот пат, во 2016 година, успеа до предавство на Зијадин Села кој излезе на избори и против ДУИ да ги победи ДУИ и преку ноќ заврши во собата на Али Ахмети – рече лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.