Епидемиолошката ситуација и трендови во јужниот дел на Европа и на Балканот се загрижувачки, изјави денеска началникот на секторот за вонредни ситуации при Светска здравствена организација, Мајкл Рајан.

Иако западноевропските држави успеаја да ја стават епидемијата под контрола, загрижувачки се трендовите што се појавија во Јужна Европа и на Балканот. Се уште не сме ја напуштиле зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката ситуација бара да продолжиме да бидеме внимателни, истакна Рајан.

Тој додаде дека нема сомнеж оти жариштето на пандемијата е во Северна и во Јужна Америка, но оти се интензивира ширењето на вирусот во Африка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.