Македонија, Бугарија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Чешка се меѓу земјите со најголема смртност, алармираше неделава СЗО, предупредувајќи дека до декември уште 236.000 луѓе би можеле да умрат од ковид во Европа.

Шефот на СЗО за Европа во понеделникот рече дека бројот на заразените и починатите повторно е во пораст во Европа, особено во посиромашните нации на Балканот, Кавказ и Централна Азија.

„Минатата недела имаше 11% зголемување на бројот на починатите во регионот – една сигурна проекција очекува 236.000 починати во Европа до 1 декември“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Четири европски земји се во првите шест земји во светот според бројот на починати од ковид-19 на милион жители заклучно со 30 август: Унгарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Македонија.

Европската Унија во понеделникот препорача земјите-членки повторно да воведат ограничувања за патување за некои туристи поради зголемените инфекции со ковид во земјата.

„Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Република Македонија и Соединетите Американски Држави се отстранети од списокот“ на безбедни земји, се вели во соопштението на Европскиот совет, кој ги претставува 27-те влади на блокот.

Стапките на новозаразени повторно се зголемуваат на глобално ниво, додека преовладува високозаразниот делта-сој – особено кај невакцинираните – демнејќи над популациите каде што антивирусните мерки се олабавени, вели Еурактив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.