Светската здравствена организација ја одобри за итна употреба и вотората кинеска вакцина Синовак, соопштувајќи дека податоците за ефикасноста и безбедноста на вакцината кои биле доставени до експертите на СЗО покажале дека половина од оние кои примиле две дози од таа вакцина не развиле симптоми на ковид-19. Сепак, СЗО наведува дека многу мал број луѓе постари од 60 години биле вклучени во студијата и не може да процени колку е ефикасна вакцината за оваа популација.
Одобрението на СЗО значи дека вакцината е вклучена во меѓународната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС, која е поддржана од ОН, и е наменета првенствено за сиромашните земји. Во минатиот месец СЗО ја одобри и вакцината на кинеската компанија „Синофарм“.
Од оваа вакцина Македонија чека половина милион дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.