Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска од претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила, прими донација на медицинска опрема за Клиниката за неврологија. СЗО за Клиниката донираше 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите – пулс, притисок, ЕКГ, телесна температура, сатурација и број на респирации. 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри. Донацијата е во висина од над 2,5 милиони денари. Министерот Филипче, се заблагодари, истакнувајќи дека истата ќе биде од голема помош за Клиниката.
Оваа помош ќе биде од голема поддршка за Клиниката за неврологија. Опремата ќе се користи како за пациентите во ковид ценатрот, така и за пациентите од одделите на Клиниката, станува збор за тешки пацинети кај кои е потребно мониторирање на виталните функции. Светската здравствена организација е наш стратешки партнер, во многу сегменти во здравството, уште повеќе од почетокот на корона пандемијата. д-р Жихан Тавилах и СЗО, сите овие месеци даваат огромна поддршка на нашиот систем за справување со вирусот за што им благодарам, рече Филипче.
Претставничката на Светската здравствена организација во Скопје, д-р Жихан Тавила упати благодарност на луѓето кои се на првата борбена линија со вирусот, како што ги нарече „нашите херои“ – здравствените работници – кои деноноќно нè чуваат и работат во служба на нашите заедници.
Во изминативе 12 месеци се промени текот на историјата, а сè уште не знаеме кога сето ова ќе заврши.Сакам да им честитам на целата влада и на министерот за здравство д-р Филипче за вложувањето на сите можни напори и ресурси (човечки и финансиски), како и за покажаната енергија и добра волја за ставање под контрола на кризата предизвикана од КОВИД-19. Денешнава донација од СЗО е дел од пакетот на поддршка што СЗО оваа година ѝ ја обезбеди на Македонија за зголемување на безбедноста на пациентите и здравствените работници и за подобрување на лекувањето на болните од КОВИД-19, рече д-р Тавила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.