Учениците и граѓаните треба да пријават во Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) доколку училиштата бараат од нив да платат за свидетелствата за завршена учебна година, рече министерот Арбер Адеми одговарајќи на новинарско прашање во врска со вакви случаи за кои има и претставка до Народниот правобранител.
Остро го осудувам секое вакво дело кое ги задолжува учениците да плаќаат за нешто за што воопшто немаат обврска. Свидетелствата ние бесплатно ги обезбедуваме и ги охрабрувам сите граѓани и ученици да пријават до ДПИ, а Инспекторатот нив да ги санкционира за кршење на законите, рече Адеми.
Адеми кажа и дека за време на летото ќе се подготвуваат за новата 2020/2021 учебна година и за какво било сценарио, иако очекува дека од 1 септември наставата ќе биде во нормални услови и учениците ќе се вратат во училишните клупи. Ќе има обуки на наставници и ќе се подобрува инфраструктурата за поуспешна онлајн-настава ако условите го наложат тоа.
Формирана е и широка работна група со меѓунаропдни претставници и, како што рече, на маса се различни предлози, а кои од нив ќе бидат активирани ќе зависи од околностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.