Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција потенцираше дека покрај секојдневните сканадали, државата влегува во економска и политичка криза.
-Надвор од зградите на Илинденска број 2 и од Бихачка владее неправда, сиромаштија и апатија. Со оваа влада секојдневието е дека: дете убива дете, дека еден од убијците на Саздо сеуште е на слобода, истото е и со убиецот на младиот фудбалер кој го загуби животот Мартин Јанушев. На слобода некаде е и убиецот на Пино Секондо, вели Мицкоски.
Тој додава:
-Наместо во битка со корупцијата Владата влезе во бика за бришење на шеснаекракото сонце, дека Гоце бил друго, а не Македонец. За 3 години илјадници млади луѓе се иселуваат, ама премиерот вели дека сме блескале. Очигледно светот во кој живее Заев не е истиот во кој живее обичниот Македонец. И еве затоа не сме во Европа и нема датум за преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.