Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, одлуи да ги пренамени средствата за новогодишно украсување на градот. Наместо нови светилки и украси, ќе биде купена храна за социјално ранливите категории.

Оваа година решивме да нема трошење на средства за новогодишно украсување на нашата општина.
Украсувањето ќе биде скромно со она што беше набавено и е во функција од минатата година.
Средствата предвидени за оваа намена ќе бидат употребени за набавка на пакети со храна за социјално ранливите категории и новогодишни пакетчиња за најмилите – објави градоначалникот Владев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.