Седум дена како седум години, никогаш нема да го заборавам лошото искуство во болниоцата во Тетово – реагира Руфије Ази.

Таа во подолг Фејсбук статус тврди дека во тетовската болница се прекршуваат ковид-протоколите, како и дека поради несоодветна грижа во објектот, нејзиниот татко, а потоа и нејзината 70- годишна мајка се заразиле со Ковид.

Својот статус, Руфије го поткрепува со фотографии од состојбата во која се наоѓа  болницата.

Прочитајте го нејзиното обраќање до јавноста:

Го имав слушнато ова од многу луѓе, кои зборуваа: Не дај Боже да завршиш во болницата во Тетово, каде митото и корупцијата ве одржуваат во живот, кадешто дури и чистачот без да стави нешто во џеб, не ја отвора вратата, каде нечистотијата ја прави полоша состојбата…

 

Татко ми беше болен, му велат дека има настинка, по неколку дена состојбата му се влошува, лекарот го испраќа на тестови кадешто е пренесен во болница, зашто немал железо во крвта, и го задржува во болницата во инфективниот центар, каде сите пациенти во собата биле заразени со Ковид-19.

 

По наше инсистирање, беше извршен тест за корона, на кој исто така излезе позитивен, се заразил…

 

Лекарите ни порачуваат дека некој треба да го придружува затоа што немале доволно медицински сестри, па нашата 70-годишната мајка беше принудена да остане со него, бидејќи сите живееме во странство.

 

По петтиот ден, јас и брат ми решивме да се вратиме во Тетово затоа што и мајка ми се разболе, и како да не се испоразболи во соба со 4 болни пациенти и четворица на посета, а само еден стол.

 

Имам еден апел до сите што ќе се заразат со корона: подобро дома да се лекуваш отколку во болница да умираш! Ако некој е против или не верува, имам толку докази, толку многу снимки, што ќе ги објавам јавно! – пишува револтираната Руфије.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.