Пратеници на Зоран Заев и Али Ахмети го молеле доскорешниот поглавар на ИВЗ Сулејман Реџепи да обезбеди гласови за Стево Пендаровски на претседателските избори во 2019 година.
Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев, и Изет Меџити, преставник на ДУИ, кај мене дома дојдоа и ме молеа да ги примам на состанок. Им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикв мојата популација, дека е потребна безбедност на државата и дека сакам да ја видам Македонија во НАТО. Ве молам како муслимани, како верници да бидете искрени дека друга татковина немаме и дека оваа не е туѓа. Живееме во наша земја. И тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја, рече Реџепи во гостување на ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.