На денешното рочиште за настаните од 27 април беше испитуван сведокот Борислав Богдановски. Владимир Атанасовски го праша повеќе прашања како тоа дали бил соработник на Горан Живаљевиќ, дали постапувал по ПИ-мерки, дали имале соработка со Јавното обвинителство и сл.
Но, неговиот најчест одговор беше:
На ова прашање немам дозвола да одговорам.
И навистина Богадновски не доби дозвола од министерот за ватрешни работи Оливер Спасовски пред судот да изнесува класифицирани информации.
Без одговор остана и прашањето од Миле Јанакиески дали Александар Василевски Нинџа бил вработен или соработник на УБК во периодот јануари-мај 2017 година.
Одговор на ова прашање треба да побарате одговор во УБК, рече Богдановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.