Kако што повеќе напредува судењето за настаните од „27 април“ така се повеќе излегува на виделина тенденциозноста на обвинителката Вилма Рускоска по секоја цена да се обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е организатор на протестите организирани под името „За заедничка Македонија“, како и на упадот во Собранието.
На денешното рочиште, сведок беше Антонио Кочков. Тој потврди дека вечерта на 27 април влегол во Собранието бидејќи вратите биле отворени и кога влегол во главната сала видел поголема група како ја пее македонската химна.
Она што е најважно е дека тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржувало протестите но оти во никој случај не биле организатори.
Со ова, паѓа главниот аргумент и теза која ја наметнува Рускоска дека ВМРО-ДПМНЕ ги организирало протестите. Обвинителката по завршувањето на рочиштето излезе од споредниот влез и не даде изјава иако обично излегува на „голема врата“ и наголемо одоговара на новинарски прашања.
Дека денеска не и беше денот на обвинителката покажа и сведочењто на тогашниот пратеник д СДСМ Оливер Спасовски.
Таа не дозволи да му биде поставено прашањето дали бил поддржувач на Шарената револуција, но затоа инсистираше сведокот да направи паралела во функционирањето на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ но тоа судијата не го дозволи.
Според адвокатот Еленко Миланов, сведокот Оливер Спасовски денеска потврдил два факти.
Тоа т е дека на координаците во Собранието не постоела апсолутно никаква согласност на примена на член 78 став 2 како што тој сметал дека треба да се примени и уште поважно со оглед дека е пратеник од 2006 од таа година никогаш не била прекината точката во момент кога има пријавени кандидати за да понатаму може да продолжи по наредна точка или по друга седница.

-Она постапување на Трајко Вељановски е сосема деловнички и правилно е постапено, вели Миланов.

Адвокатот додава дека овде се суди за организатори на настаните од 27 април а не на подджувачи како што во случајот биле ВМРО-ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.