Сведок од Дебар бил присутен на судење во Кривичниот суд, тврди одбраната во случајот Таргет-Тврдина. Претседателот на судот, Иван Џолев за Сител вели дека тоа не е точно. Од прес службата на кривичен објаснуваат дека во судницата влегле неколкумина сведоци ама тие не биле легитимирани од каде доаѓаат. Поради отстуство на странки во постапката, рочиштето се одложило па судот не утврдувал каде живеат присутните сведоци.

Во меѓувреме адвокатите побараа одложување на судењата. Нивното здружение испрати писмо до наделжните во кое објаснува за големата фрекфенција на луѓе во судовите што не било во согласност со препораките за заштита од корона вирусот.. Предлагаат да има рочишта само за притворски предмети и времени мерки.

Од кризниот штаб велат дека го добиле писмото од адвокатската комора и нивното барање дополнително ќе се разгледува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.