Повеќе од три часа траеше сведочењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во случајот „Топлик“, Тој со факти и докази убедуваше дека немал никакво влијание врз комисијата за отуѓување на градежно земјиште ниту пак барал незаконско наддавање за комплексот „Сончев Град“.

Тој нагласи дека работел законски и не влијаел на работата на комисијата. Во еден момент Јанакиески од судијата Осман Шабани побара да оди во тоалет.

Три часа зборувам устата ми се исуши, мора да одам во тоалет молеше Јанакиески.

Шабани прво не дозволи но потоа се смилува и го пушти до тоалетот кој се наоѓа на истиот кат каде што е и судницата.

Сведочењето на Јанакиески продолжува на четврти ноември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.