Идејата да се презентира едно општество за сите заврши во моментот кога ја видовме Луј Витон чантата затоа што сфативме дека сите овие политички флоскули завршија спакувани во една чанта, истакна претседателот Христијан Мицкоски во своетот гостување на телевизија Телма.

Мицкоски посочи дека ако денеска некој се обидува етнички да ги мобилизира граѓаните според него тоа е суштинска грешка затоа што сите без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем.

Ние не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Да, тоа тие го чувствуваат и тие се горди на својата етничка припадност. Но, суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, тоа е суштината, порача Мицкоски.

Кога имавме собир на граѓани во Тетово и во Гостивар, голем дел од Албанците беа присутни на тие собири и дури голем број од тие Албанци кои што беа присутни на тие собири дојдоа со мене да се сликаат. Исто беше пример ќе ви кажам и во Крушево, имаше голем број на Албанци кои дојдоа се сликаа со мене, го посетија настанот, буквално аплаудираа. Затоа што луѓето повеќе не ги гледаат овие прашања како етнички или националистички. Ние не сакаме да звучиме така и ниту звучиме така, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ главен фокус е како да се направи функционално, правна држава, и бескомпромисна борба против криминалот.

Мицкоски посочи дека сите граѓани без разлика на етничките разлики, без разлика на верските разлики сите буквално имаат ист проблем, нив не им е проблемот дали се Македонци, Албанци, Роми, Власи, Срби, Турци, Бошњаци. Сите граѓани во државата се горди на својата етничка припадност. Суштинскиот проблем е лошиот живот, економијата, корупцијата, срамот.

Ние немаме намера на етничка мобилизација или пак на националистичка реторика, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.