Имавме денови со повеќе оздравени од новодијагностицирани. Сега 3,5 пати повеќе новодијагностицирани од оздравени (со негативен тест после позитивниот).

Супер ви се софрите, дечки, супер ви се големите и сложни фамилии, друштва … свака час, стално да сте така. Стално, ама не сега. Некој чека да проработи, конечно, после месеци, да заработи нешто.

Цели генерации млади луѓе се чудат кога ли ќе се видат со симпатиите, кога ли првпат ќе се бакнат, дечковци, девојки во нереални, подреални ситуации … сите тие живеат некакви симулации и се трудат да ги прифатат без фрустрации, за да ги почитуваат мерките, за побрзо да излеземе од ова. Жртвуваат некои животно важни работи за некои уште поважни.

Ама не жртвуваат за вашите возрасни софри и тајфи, нив сте ги имале, и пак ќе ги имате, па океј е еднаш и да прескокнете. Ќе ви фалат, да, ама не толку колку што некому фали леб, а другому првите нежни или страсни чувства.

И други има на светов, не сте само вие – де, прескокнете некоја дружба, ко што ВПРОЧЕМ и пропишуваат мерките (групи не поголеми од двајца), за да може поскоро да се дружат и други. А не само да мечтаат.

А да, и за лекарите да не ги плукаме вака со недисциплина и нечовечност, а и за да не ги папсаме, за малку ќе заборавев.

За некого ова е прва тхе Пролет, не знам како не ве боли срце за нив, напиша Јасна Шоптрајанова на својот фејсбук профил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.