Во земјава нема автохтоно жариште на опасниот корона вирус, односно сите случаи досега се увезени или пренесени од познати заразени, информираат од влада.

Оттаму велат дека лекот сумамед ќе биде повлечен од слободна продажба и отсега ќе се издава на товар на Фондот за здравство, односно само на рецепт со оглед на тоа што се купувал во огромни количини, дури и по десет кутии.

Лекот против маларија – кинин, пак, македонските власти успеале да го набават во доволни количини, со кои може да се третираат близу 10.000 пациенти.

Во однос на мерките кои ги предложи лидерот на СДСМ, Зоран Заев од владата информираат дека тоа се предлози на партијата, не на владата и дека ќе бидат разгледани на Економскиот совет што е формиран. Исто така, има предлози и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Стопанска комора, факултети.

Од таму, уште информираат дека личниот став премиерот Спасовски ќе го кажел на влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.