Попладнево се одржа првата седница на новоизбраниот Надзорен одбор на СДСМ, на којашто покрај членовите присуствуваа генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и организациониот секретар, Мартин Попов. За претседател на Надзорниот одбор на СДСМ е избран Горан Сугаревски а на оваа седница се поставиле и темелите за понатамошна работа, информираат од партијата.
Надзорниот одбор на партијата е важен орган, задолжен за надгледување на финансиската и деловната активност, за оценување на статутарноста на актите и одлуките кои се носат, а надлежен е и за спроведување на Етичкиот кодекс за однесување. Надзорниот одбор на СДСМ во иднина фокусот на работата го става токму на одговорноста, отчетноста и почитувањето на Етичкиот Кодес од страна на сите избрани и именувани функционери, но и на сите членови, велат од СДСМ.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во обрaќањето пред членовите посочи дека СДСМ е прва партија која воведе нов, современ Етички кодекс за членовите и носителите на раководни должности во партијата и државата, додавајќи дека очекува посветена работата на Надзорниот одбор во сите сегменти.
Со Етичкиот кодекс СДСМ дефинираше највисоки етички стандарди во поглед на чесноста, транспарентноста, одговорноста. Оваа генерација политичари во СДСМ дава пример и конкретен придонес. Преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење. Тука очекувам максимален анжаман и посветеност на Надзорниот одбор и убеден сум дека тоа ќе го направите. Тоа се нашите вредности, посочи Николовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.