Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа, напиша на неговиот последен ден во институцијата Горан Сугарески, поранешниот министер за транспорт и врски од владата на СДСМ, кој пред неколку дена ја најави внатрепартиската кандидатура за градоначалник за Прилеп.
Почитувани колеги, искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија.
Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период, порача Сугарески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.