Во Програмата со која СДСМ и Коалицијата излегува пред граѓаните, нудиме изработка на нов Генерален урбанистички план, конкретна проекција за планскиот развој на градот за следната деценија. При изработката на новиот ГУП, појдовен стратешки документ ќе биде стратегијата за одржлив развој на Прилеп, со која се овозможува подобрување на условите за живот во нашиот град и негов забрзан развој. Студијата е изработена со користење на мултидисциплинарен пристап од странски експерти, во рамките на Еразмус плус Енејбл проектот. Ова денес го изјави Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп од СДСМ.
Според него Генералниот урбанистички план е документ кој претставува Устав во урбанизмот и урбанистичкото планирање.
Во својата основа, урбанистичкото планирање служи за уредување и хуманизација на просторот, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и социјална, економска и еколошка одржливост на општината. Генералниот урбанистички план ја дава рамката за развојот на градот во следниот 10-годишен период. Носењето на ГУП е од подеднаква важност како за граѓаните, така и за стопанските субјекти, бидејќи со неговото, и со усвојување на од него произлезените Детални урбанистички планови, се стимулира изградбата на стопански, индустриски и енергетски градби во општината. Сето тоа значи поголем број на издадени одобренија за градење и директен приход за Општината од наплатен комунален надоместок – посочи кандидатот Сугарески, потенцирајќи дека важен сегмент при носењето на Генералниот урбанистички план претставува реализација на планираната инфраструктура: сообраќајници со коловози, велосипедски патеки, пошироки тротоари и зелени површини во населбите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.