Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, вели кандидатот за градоначалник од СДСМ, Горан Сугарески.
Без разлика дали станува збор за вистински или лажен профил, како политичар, но пред се’ како човек, најостро го осудувам крајно морбидниот и нехуман чин. Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија за лични или било какви други интереси.
Во политиката, исто како и во животот, мора да постојат ,,црвени линии” кои не смее да се преминат.
Ова се локални избори кои треба да претставуваат борба на идеи и концепти, а не полигон за дисквалификација на било кој кандидат, од било која политичка опција.
Очекувам надлежните институции да преземат итни мерки, да го откријат сторителот и најстрого да го санкционираат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.