Беса Адеми, судијка во Врховен суд со 12 гласа „за“ и 1 „против“ од мнозинството судии во Судскиот совет е избрана за претседателка на судот. Ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос 4:1.

Седницата е се уште во тек и секој од членовите образложува зошто својот глас го дал за Адеми. Единствен кој беше против нејзиниот избор е членот Мирсад Сурои.

Во трката за избор на прв човек на Врховниот суд беа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.