Судскиот совет и Министерството за правда излегоа со исто соопштение во однос на потребата за одлагање на судските рочишта поради корона вирусот. Иако Судскиот Совет треба да биде независен орган, симптиоматично е како двете институции излегоа со исто соопштение.

Министерство за правда:
Следејќи ги препораки на Министерството за правда, а со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство.

Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други можности за информирање, како видео пренос и слично.

Исто така очекуваме во судовите и јавното обвинителство да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата на Република Македонија.

Судски совет:

Судскиот Совет на Република Македонија, со цел преземање на соодветни мерки за спречување на инфекцијата со Ковид-19, познат како „корона вирус”, препорачува до граѓани кој се странки во судски постапки, да се јавуваат во судските органи само ако тоа е неопходно, односно задолжително.

Исто така, известуваме дека таму каде што се исполнети законски услови, судењата ќе продолжат по нормален тек. Таму каде што интересот на јавноста е поголем, се препорачува истите да продолжат, но седниците да се следат со редуцирано физичко присуство на јавноста, без притоа да се наруши на јавноста во судските постапки.

Таму каде што има можност, на јавноста треба да и се овозможи следење на седниците со употреба на информатичка технологија преку видео стриминзи и слични.

Чија ќе биде одговорноста заширење корона вирус, доколку се појави таков случај во судовите, со оглед на тоа што судовите се преполни секој ден?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.