Разрешување на судијата од основниот суд Скопје 1 Владимир Туфегџиќ било и една од точките на денешната седница на судскиот совет.

Членовите го дале својот глас по предлогот за престанок на функцијата судија. Владимир Туфегџиќ претходно го најави своето заминување и побара од судскиот совет да го ослободи од функцијата судија за да може да се занимава со адвокатура.

Тој кажа дека одлуката ја донел внимавајќи, пред сè, на започнатите предмети и обврските преземени со годишниот распоред на судии за 2021 година иако повеќе од 15 предмети стојат отворени во различни фази од постапката во Кривичниот суд во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.