Судењата поради корона вирусот почнаа да се одлагаат но тоа како да не е доволна причина власта и официјално да донесе одлука за запирање на сите рочишта. Денеска се одложи рочиштето за случајот „ТНТ“ бидејќи сопругот на една од обвинетите е во изолација. Но, и тоа не доволно за министерот Филипче и Владата да издадат таква наредба.
Иако тој даде нови ригорозни мерки како што е забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, работно време на угостителските објекти до 18 часот, како и работа со преполовен капацитет, односно маси поставени да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Исто така се бара, сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат.

Но, иако во судот и на рочиштата има поголем број луѓе, Филипче вели дека му требаат консултации со министерката за правда Дескоска.
Судот е место кое навистина циркулираат голем број на луѓе, ќе разговараме со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како ќе постапиме во тој дел и ќе ја соопштиме одлуката – изјави Филипче.
Министерката за правда Рената Дескоска за МИА изјави дека веројатно денеска на седница на Владата ќе се отвори и ова прашање, а за што средба со неа најави и министерот за здравство Венко Филипче со цел да се донесе одлука за да се заштитат луѓето од вирусот.

Секојдневно изминативе два дена се гледам со Филипче пред и на седници на Влада. Веројатно и денес ќе има седница на Влада и ќе се отворат и тие прашања, изјави за МИА Дескоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.