Се очекува до крајот на годината најголемиот дел од судниците во судовите да бидат опремени со аудио-визуелна опрема, беше истакнато по денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателот на кавадаречкиот суд, Лазар Нанев.

-Веќе работи работна група која што изработи и законски измени во Законот за парнична постапка. Таа работна група направи детална анализа каде се може и на кој начин треба да се имплементира овој процес, и јас мислам дека многу скоро во наредните месеци ќе имаме видлив резултат во Меѓународната заедница, несомнена поддршка од нашите институции и силна волја ова да се спроведе, рече министерот во врска со дигитализацијата на судовите.

Тој појасни дека Комисијата за дигитализација изготви акционен план од 23 точки, во кои се опфатени сите сегменти и прашања кои однесуваат на процесот на дигитализација.

-Почнувајќи од прашањето на донесувањето на основната законска рамка, пред се станува збор за процесните закони и за судскиот деловник, прашањата за елктронските огласни табли, опремувањето на сите судови во нашата држава, значи сите судови на сите степени, со основна, со проширена надлежност, Апелациониот, Врховниот, Управниот и Вишиот суд, заедно со судницата во Академијата на судии и јавни обвинители, и судницата која се подготвува во казнено порпавниот дом Идризово, додаде министерот.

Целокупно најсовремената аудио-визуелна опрема ќе биде обезбедена од страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

-Тука е и мисијата на ОБСЕ, која исто така е вклучена во еден дел на опремување на судовите, заедно со дополнителните алатки кои што се неопходно потребни да оствариме и овозможиме целокупен процес на дигитализација, рече министерот.

Нанев рече дека очекува заедно со министерот до крајот на оваа година најголемиот дел од судниците во судовите да бидат опремени со аудио-визуелна опрема.

– Министерот најави и во однос на креирање на нов автоматска компјутерски систем кој е активен, и е потребна подолгорочна анализа и подоцна имплентација, но се надевам брзо ке помине и во Министерство и во Владата, и на крајот на годината ќе имаме едно европско судство кое е потребно на граѓаните. Целокупниот овој сегмент е во рамки на донаторски средства кои ќе бидат донирани од меѓународни организации, изјави претседателот на судот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.