Скандалозно однесување на Судскиот совет во време на вонредна состојба во земјата. Во период кога треба да запрат судењата Советот не носи одлука за заштита на судии адвокати и странки во судовите.
Наместо тоа се носи одлука за избор на десет нови судии во Кривичниот, Апелацискиот и Основниот суд
Во Службен весник веќе се објавени одлуките за избор на вкупно 10 судии.

Но, ова е во најмала рака симптоматично доколку се знае состојбата во Македонија со корона вирусот и желбата на власта да ги протне новите судии.
Советот со одлука го утврдува бројот на слободните судиски места за основните судови во Република Македонија, земајќи ги предвид вкупниот број на слободни места за судии во основните судови, како и проекцијата за потребите од местата кои ќе се пополнуваат по завршување на почетната обука.

Одлуката Советот ја донесува со мнозинство гласови од вкупниот број членови и ја доставува до Академијата за судии и јавни обвинители најдоцна до 31 март во годината во која одлуката е донесена.
Советот донесува одлука за објавување на оглас за избор на судија веднаш по упразнување на судиското место, или по утврдена потреба за судиско место.
Огласот се објавува во “Службен весник на Република Македонија” и во најмалку два дневни весника од кои еден на друг јазик различен од македонскиот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и трае 15 дена од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.