Судот имаше златна можност токму на ова судење за „27 април“ конечно да се ослободи од стегите и на обвинителството и на политиката, и конечно да манифестира самостојност и независност во одлучувањето. Но, тоа и овојпат не се случи. Иако одбраната го порази обвинителството со аргументи, контрааргументи, докази и контрадокази, како вербални, така и материјални, Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје со кој претседава судијата Илија Трпков ги прогласи за виновни Трако Велјаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски за отганизатори на случувањата на 27 април 2017 година.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, кој доби 6 години и 6 месеци, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, беа осудени на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски доби 6 години затвор. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

На претходите рочишта, обвинителството и одбраната ги дадоа завршните зборови. Обвинителството смета дека обвинитите се виновни за организирање на настаните на 27 април 2017 годна, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинителката Гордана Смаќоска во име на Обвинителството побара притвор за Велјаноски, Ристовски и Атанасовски, и ефективен притвор за Јанакиески, кој е веќе во домашен притвор.

Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Обвинителниот акт ОЈО за гонење организиран криминал и корупција до Кривичниот суд го поднесе на 31 мај 2019 година, а беше прифатен во 31 јануари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Поради тоа, обвинителката Вилма Русковска во последен момент го смени обвинението и сакаше да ги направи организатори и на протестите пред Собранието што реално никако не можат да бидат бидејќи протестите си имаа уредно пријавени организатори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.