Предметот „Рекет“ е досега најслабо водениот случај, со загрозување на правата на клиентите и со криење на докази, рече денеска адвокатот на Бојан Јовановски Сашко Дукоски во отвореното студио на ТВ24.

Обвинителката сметаше дека докази може да бидат дадени само за клиентот што го бранам. Продолжи со една работа што ме шокираше, тоа е цело време се вели врз основа на доказите и денеска судијата ја објави пресудата за предметот, а немаше докази. Гледате една торба со банкноти од 50 евра и гледате човек како излегува и ја мафта торбата. Јас предложив доказ. Согласно е-банка укинати се банкнотите од 500 евра заради малиот волумен. Милион евра во банкоти од 50 евра тежат 22 килограми. Сега да ја пуштите снимката не се носат толку сретства, не видовме дали се носат воопшто, видовме само едни женски раце како ги бројат парите и како излегуваат, изјави Дукоски.

Потенцираше дека била неверојатна упорноста и одбивноста на судот да се вештачи телефонот на Јовановски.

Судот попрво ќе дозволеше зградата да се сруши одошто да го вештачи телефонот. Трипати е побарано, трипати е одбиено вештачење. Во завршното обвинение тужителката го прошири обвинението и го теретеше Јовановски дека парите кои потекнуваат од противзаконитото влијание од 2918/2019 година ги пуштил во промет, односно ги перел во 2017. Денес го ослободи од тоа обвинение. Во телефонот има разговори и докази кои ќе ја расчистат фактичката состојба во овој случај. ИТ техничарот ангажиран од Обвинителството на мое вкрстено испитување потврди дека не е вешто лице и нема лиценца и ниту е запишан како вешто лице во Министерството за правда, рече Дуковски.

Дуковски рече дека притворот е казна без правосилна пресуда. Потенцираше дека тврди дека нема пари и дека неговата перцепција вели дека Јовановски мислел дека тие се пари од рекет од политичари. На 25 овој месец Јовановски ќе поднесе кривични пријави за сите настани кои ги знае.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.