Продолжува изживувањето на судот врз Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на некогашното СЈО. По којзнае којпат, на поранешниот министер за транспорт му закажуваат две рочишта во ист ден, овојпат на ден кога треба да ја изнесе својата одбрана во завршните зборови за случувањата од 27 април.
Иако станува збор за битно рочиште, Јанакиески претходно ќе мора да присуствува и на судењето за предметот „ТНТ“, на кој забрзано се работи и се турка пред избори. Сè поизвесно е дека токму поради ова, ќе мора да се одложи почетокот на судењето за 27 април.
Се случувало и Јанакиески од едно судење да биде испратен на второ, за повторно да биде вратен на првиот предмет, зошто судијата одбил да го одложи продолжувањето на седницата за друг ден.
За нечовечкиот однос на судот кон Јанакиески и очигледниот притисок врз обвинетиот, неколкупати реагираше и неговата одбрана.
Јанакиески има повеќе судења од работни денови. Има голем број расправи на кои треба да присуствува и да земе учество, рече адвокатот Еленко Миланов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.