На првообвинетиот Бојан Јовановски кому судот денеска му одреди затвроска казна во време траење од 9 години за случајот „Рекет“ ќе му бидат конфискувани гардеробата, сликите и парите затоа што биле незаконски стекнати со кривичното дело за кое што е обвинет.

И на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева судот и одреди конфискација на мебелот и 50.000 евра, по правосилноста на пресудата.

Судот на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 денеска му изрече казна затвор од девет години, а на второобвинетата Катица Јанева затворска казна од седум години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.