Судијката Васка Николовска Масевска денеска воспостави нова пракса и по завршувањето на рочиштето на „Рекет“ имаше средба со новинарите.

Новинарите ја запрашаа за снимката која крена најголемо внимание за тоа кои се лицата кои седат на маса со Зоран Милевски -Кичеец.

Таа рече дека не може да каже ниту дека се тие ниту дека не се тие на снимката и оти не ги препознала оти била свртена со грб.

Масевска додаде дека го познавала адвокатот Ване Андреев а Вице Заев го имала видено во медиумите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.