Судскиот совет денеска ја разреши од функцијата судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид и ја оддалечи од работното место, поради што веќе таа не смее да се појави во судот, и покрај што има право на жалба, објави СДК.мк

Најтешката санкција на Кичеец ѝ била изречена за нестручно и несовесно постапување во судскиот процес против српскиот турист од Краљево, кој на 1.01.2016 година на новогодишната прослава го претепа до смрт младиот охриѓанец Димитар Матилоски.

Откако го убил со ќотек Матилоски, туристот Бојан Угреновиќ се вратил во кафе барот и продолжил да слави.

Набргу Угреновиќ беше уапсен и притворен на барање на Охридското обвинителство. Но, постапката ја развлече судијката Весна Кичеец која денеска беше разрешена поради тоа. Таа судењето го развлечка до истек на законскиот максимум за притвор, по што таа го пушти српскиот државјанин на слобода. Веднаш штом излезе од притвор, Угреновиќ избега од Македонија, а Кичеец потоа го судеше во отсуство.

За нестручно и несовесно вршење на судиската функција, денеска е разрешен уште еден судија, а друг има дисциплинска мерка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.