Владимир Туфегџиќ, долгогодишен судија и од неодамна адвокат, тврди дека премиерот Зоран Заев, со денешната изјава ја компромитира истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица.

„Недозволиво е во правна држава заради политички цели и интереси, како прв политичар меѓу еднаквите, да искористиш ЕДЕН парцијален материјален доказ прибавен со обвинителска истрага, кој има целосна доказна сила кога ќе биде ценет поединечно и во една целина во корелација со други прибавени докази во истрагата.

На овој начин политиката директно влијае на понатамошниот тек на независната и непристрасна истражна постапка за трагедијата во модуларната болница и потполно ја компромитира понатамошната истрага, сведувајќи ја причината за трагедијата на 14 луѓе на петпарачки продолжен кабел.

Продолжниот кабел е само дел во мозаикот на истражните дејствија и докази, кои ценети во една доказна целина допрва треба да го дадат одговорот по однос на одговорноста“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.