На денешното тензично рочиште за случајот ТНТ сведочеше бизнисменот Адријан Амзоски, познат како бизнисменот кој донираше во огранизацијата „Меѓународен сојуз“. Во случајот, тој беше испитуван од адвокатот Јовица Страшески за градбата на објектот „Космос“, но и за неговото обвинение од страна на основното обвинителство, кое како што напомена, беше повлечено откако донирал пари за невладината организација на Бојан Јовановски.

Конкретно, Амзоски беше прашан кога било повлечено обвинението против него од страна на СЈО, на што тој одговори дека не може да се сети точно, но оти било во 2017 година.

Страшевски го праша Амзоски дали дал 350.000 евра на рака на „Меѓународен сојуз“ откако бил повлечен обвинителниот акт против него.

Амзоски се заблагодарил на Боки за повлекување на обвинителниот акт и му рекол „Ајде сега да работиме“, објасни адвокатот.

Конкретната СМС порака за која судот не дозволи Амзоски да каже до кого ја испратил гласи „СЈО го повлече денеска предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме“.

Го праша и дали по повлекувањето на обвинението имал контакт со Бојан Јовановски, но ова прашање не го дозволи судијата Ставрев.

Кога ќе се спомне Бојан Јовановски одма ве прекинувам. Тоа е друг предмет. Нема врска со него, рече судијата.

Повеќето прашања за зетот на Фиат Цаноски не беа дозволени откако за нив реагираше и обвиниетелот Бурим Рустеми.

На крај, адвокатот од одбраната Страшевски беше казнет со 1.000 евра за одолговлекување и непочитување на судот.

Илјада пати ве опоменав, му порача Ставрев, забранувајќи мешање на овие два случаи.

Обвинителниот акт против Амзоски и „Фине“, а поврзан со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор, бил покренат 15.10.2017 година, и бил прифатен од страна на судот. Во фаза на оценка, пет дена подоцна, на 20.10.2017, актот е повлечен без ниту еден дополнителен доказ од страна на обвинителите Бурим Рустеи и Катица Јанева. Истиот ден, испратена е горенаведената порака.

Според обвинението за „Меѓународен сојуз“, на 7.11.2017 година, Амзоски потпишува Меморандум со организацијата на Јовановски, по што исплаќа 350 илјади евра во кеш. Потоа од 16 јануари до март 2018 година, му исплаќа уште 500.000 евра на „Меѓународен сојуз“, правејќи ја вкупната сума на дадени пари – 850 илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.