На фејсбук страницата Скандал објавена е информација дека зетот на судијата Седат Реџепагиќ, Исмет Муниновиќ купил фирма која поседува хотел во Дојран и тоа за само 5000 евра. Интересно е што заверката, пак, била направена кај нотарката Јасмина Радончиќ, за која пишува дека му е сестра на судијата. Информацијата е поткрепена со документи доставени од свиркач.
Дали зетот на судија Реџепагиќ со плата од минималец во последните години, за само 5.000€ купува фирма со хотел “Атлантик” од Дојран од извесен Синиша М., фирма која вреди милиони. Нотар на договорот, сестрата на Реџепагиќ. Која е улогата на братот и сестрата во ова? Дали Реџепагиќ стои позади овој милионски сомнителен бизнис? Ќе истражи ли некој дали има сомнително потекло на имот? Документи од свиркачи во прилог“, стои во објавата.
Судијата на претходна постапка Седат Реџепагиќ и судијката Весна Димишкова на барање на СЈО за првпат во Република Македонија и во Европа донесоа позитивно мислење за замрзнување на имотот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во случајот на СЈО „Талир“.
Барањето на СЈО и Одлуката на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно неосновани и без никаква правна аргументација. Барањето на СЈО и одлуката на судиите се исклучиво, и исклучиво политички мотивирани, реагораше ВМРО-ДПМНЕ. За опозицијата ова е случај на класичен политички прогон и политичко насилство со кое што директно се задира во правата на граѓаните да се организираат и да делуваат.
Судијата на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје решаваше и за притворот на Катица Јанева за случајот „Рекет“.
Неговото име се спомнува во еден од аудиоразговорите меѓу Јордан Камчев и Боки 13, кои се дел од истрагата за „Рекет“, при што Камчев му вели на Боки 13 дека постапил како што го советувал и дека извесно барање поднел на ден кога на одмор е судијката Весна Димишкова, а на смена е Седат Реџепагиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.