Беса Адеми, Лидија Неделкова и Џемали Саити се тројцата кандидати кои го меркаат највисокото столче во судството, дознава ТВ24. Сите тројца се веќе судии во Врховниот суд, каде што наскоро треба да избран претседател. Нивните апликации се пристигнати во Судскиот совет. Огласот е заклучен, од следната недела ќе следуваат интервјуа, потврдил првиот човек на Судски совет Киро Здравев, за ТВ24.

– Затворен е конкурост, пристигнати се пријавите на кандидатите. Ние следната недела ќе формираме комисија за проценка на временоста и документацијата, па потоа интервјуа и на крај избор, вели Киро Здравев.

Судиите Саити и Адеми потврдија дека поднеле кандидатура за претседател на Врховниот суд. Неделкова не одговорила на та на ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.