Рочиштето за случајот против Зоран Божиновски ќе продолжи во нова, поголема судница, откако новинарот одби да присуствува на судење, во кое јавноста и медиумите ќе останат надвор и нема да го чујат сведочењето на премиерот и, во случајов тужител, Зоран Заев.

Претходно, вратите на судницата останаа затворени за јавноста, откако поради здравствените протоколи судијката не дозволи новинарите да присуствуваат на рочиштето. На ова се побудни обвинетиот Божиновски, кој за ова судење има подготвено долг аудиоматеријал од Заев снимен во 2016 година.

Јас без јавност не влегувам!, порача тој и остана во ходникот заедно со новинарите, додека обезбедувањето на премиерот ја чува вратата од судницата.

Тужбата за клевета на Заев против Божиновски е за фејсбук-статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев и самиот Заев.

Легален претставник на Заев во овој случај е адвокатот Мирослав Вујиќ, додека во одбрана на Божиновски е Сашко Станинов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.