Гевгеличанецот Борис Кусиников, човек на возраст од 78 години, од пред триесеттина дена се наоѓа во затворот „Идризово“ во Скопје. Таму тој ја издржува казната од 7 години и 6 месеци затвор, поради две кривични дела Убиство во обид според член 123 од Кривичниот законик и едно кривично дело Предизвикување општа опасност, според член 288 од КЗ, пишува „Плусинфо“.
Во првостепената пресуда на Основниот суд во Гевгелија од 26 април 2021 година (К.бр. 67/21) пишува дека обвинетиот Борис, на кобниот 29 октомври 2020 година, околу 10.30 часот, во канцеларијата на извршителот Данчо Диманчев, со умисла се обидел да лиши од живот две лица – оштетените Перо Поп Костов и Дине Ајцев, адвокат од Гевгелија. На претходно договорениот состанок за регулирање на начинот и рокот на исплата на долг на обвинетиот Кусиников кон Поп Костов, како доверител по правосилната и извршна судска пресуда на Основниот суд Гевгелија (станува збор за долг од 1.073.732 денари), обвинетиот прво станал од столицата, ја затворил внатрешната врата од канцеларијата и од под панталоните извадил огнено оружје – пиштол Н.Н. марка, сиво црна боја. Тој пиштол прво го вперил кон оштетениот Поп Костов, обидувајќи се да го репетира, по што адвокатот Ајцев извикал „Боро, Боро“. Потоа Кусиников со вперен пиштол се свртел и тргнал кон него, а Перо се скрил под канцелариската маса. Кога обвинетиот со вперен пиштол се приближил до Ајцев, во еден момент адвокатот успеал да му ја фати десната рака со која го држел пиштолот, насочувајќи му ја кон подот, бидејќи обвинетиот повторно се обидувал да го репетира пиштолот. Потоа настанало борење помеѓу нив двајцата. Додека траела борбата, дошле во непосредна близина до оштетениот Данчо Диманчев, па поради неконтролирано движење со огненото оружје Кусиников предизвикал и значителна опасност за животот на извршителот Диманчев. Перо Поп Костов, извршителот Диманчев и останатите вработени во канцеларијата на извршителот, успеале да побегнат надвор, а после 3 до 5 минути оштетениот Дине почнал да го моли обвинетиот да го остави пиштолот, велејќи му дека нема ништо да постигне со тоа што ќе го убие. По даденото ветување од страна на адвокатот Ајцев дека нема да го пријави настанот, обвинетиот Боро ја напуштил канцеларијата, кажувајќи му на Ајцев дека ако не го исполни ветувањето, ќе му ги убие децата. Потоа обвинетиот се упатил кон реката Вардар о го фрлил пиштолот во Вардар во близина на истоимениот гевгелиски мотел.
Целиот текст тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.