Градоначалникот Петре Шилегов го прекршил Изборниот законик со објавување на огласот за субвенционирање на велосипеди?! Антикорупциската комисија ќе го извести јавното обвинителство дека од Град Скопје објавиле оглас за субвенции на велосипеди по распишување на изборите. Државната комисија за спречување на корупцијата едногласно утврдила дека приговорот од ВМРО-ДПМНЕ ќе се отфрли, бидејќи не се исплатени средствата, но не негира дека се направени пропусти. Како што образложи членот Нури Бајрами, има пропуст, согласно принципот на добро владеење во тоа што никаде не е наведено дека исплатата на субвенциите ќе се врши по изборите.

Приговор против Град Скопје поднеле од ВМРО-ДПМНЕ и за субвенциите за инвертер клими, но и тој приговор е одбиен како неоснован зашто комисијата не утврдила прекршување на Изборниот законик, по основите за кои е поднесен приговорот.

Градоначалникот Петре Шилегов кој беше присутен на седницата на ДКСК изјави дека биле свесни дека со распишувањето на огласите ќе навлезат во изборен период, но тврди дека јавно кажале за исплата дека ќе биде по изборите. Тој се правда дека приговорите се политички, а не правни, бидејќи за распишување на огласите гласале и советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

На денешната седница ДКСК разгледуваше вкупно девет приговори за можни злоупотреби во изборната кампања, сите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.

Прифатен е приговорот за злоупотреба на канцеларии во општинската зграда на Шуто Оризари, за одржување прес-конференција за поддршка на претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски. За овој приговор Антккорупциска побара повеќе време за утврдување на фактичката сосотојба, бидејќи од Општината образложиле дека истата зграда ја делат и општината и деловни простории на другиот спрат за кој градоначалникот нема ингеренции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.