„Франција и Германија фрлија ладна вода врз балканските надежи за итно пристапување во ЕУ“ е насловена анализата на „Фајненшал тајмс“, во која весникот пишува дека земјите од Западен Балкан добиле разочарувачки пораки на конференцијата која се одржа во Берлин каде домаќини беа францускиот претседател и германската канцеларка.
Според весникот Ангела Меркел и Емануел Макрон отворено им порачале на делегатите од шестте земји дека мали се шансите наскоро да и се придружат на Европската унија и дека прво треба да ги средат внатрешните работи во своите земји.
Како што пишува „Фајненшал тамјс“, Макрон се фокусирал на потребата од политичка стабилност во регионот, велејќи дека Париз ќе пружи помош во клучните економски, социјални, безбедносни реформи, како и во областа на владеење на правот, а не преку процесот на проширување.
Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот. Од 2000 ние се повлековме од регионот, но денес сакаме да работиме заедно, рече Макрон пред средбата во Берлин со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.