Откако претседателот Стево Пендровски се изјасни дека утре на Зоран Заев ќе му го даде мандатот за формирање на Влада , веднаш стигна реакција од ДУИ. Оттаму за Сител велат дека шефот на државата Стево Пендаровски постапува согласно претходната пракса, но не е /постигнат договор за коалицирање со СДСМ.
Разговорите меѓу двете партии ќе продолжат во законскиот рок од 20 дена за Заев да се обиде да обезбеди мнозинство од минимум 61 пратеник.
Пендаровски ќе му го даде мандатот на Заев и покрај тоа што Собранието не е целосно контититуирано. Претседавачот Талат Џафери смета дека на тој начин се крши Уставот, пак привиот човек на Уставниот суд Мурати повика на читање токму на Уставот и Деловникот.
И ВМРО-ДПМНЕ е на став дека Собранието не е целосно конституирано.
Претседавачот, господинот Џафери, веднаш по точката за верификација на мандатите ја прекина конститутивната седница и практично во овој момент како што стојат работите ние имаме некомплетно конституирано Собрание без претседател на Собранието, што е дел од политички договор. Тоа било така и во минатото, и доколку го сумираме ставот накратко, во овој момент не е комплетно конституирано македонското Собрание, рече Арсовски на денешната прес-конференција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.