Во Педијатриската болница на Клиничката болница „Аџибадем Систина’’ вчера во посета беше стручниот надзор од Универзитетската клиника за детски болести.

Како што соопштија од „Аџибадем Систина’’, посетата се иницираше по информацијата за последните случаи на деца со тешки пост-ковид компликации кои беа третирани во оваа болница.

Колегите од државната Универзитетска клиника за детски болести и од Педијатриската болница на „Аџибадем Систина’’ размениле и споделиле свои искуства за овој тип на компликации и начин на третирање кај децата.

Со оглед на тоа дека манифестација на вирусот е непредвидлива сметаме дека овие состаноци се правилниот начин за споделување на информациите и веруваме дека сознанијата изнесени од двете страни на овој конструктивен состанок позитивно ќе придонесат во понатамошниот третман на децата кај кои се појавува ваков тип на постковид компликации, се наведува во соопштението на „Аџибадем Систина’’.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.