Стружани вие морони ли сте, мислам вака општо без етнички предзнак?! Очигледно сте или оставате партиските морони кои лапаат кеш за слугување да ви одлучуваат за вашиот град и живот. Односно, да ви се намочаат и на градот и на животот.

Вака активистот Ивор Мицковски ја коментира веста дека струшкиот градоначалник Рамиз Мерко „спичкал“ 28 илјади евра во кафана за време на пандемија.

Па државава не помогна волку со мерки за кафанџии ко оваа свиња на ДУИ.
Во три години спичкал 80 илјади евра на серење.
Е па што да се каже, како човек веќе да задржи апломб и минимална вербална култура пред вакво срање.
Еве не можам. Истото ова говедо си купи џип од преку 70 илјади евра, и учествува со сите остали, што локални, што централни шерифи во уништување на Охридското езеро и крајбрежје.
А економскиот генијалец Заев уште во два наврати на вакви крадоначалници им даде бесплатни пари од држава и им прости долгови.
Бандо криминална.
Жалосно е што ова што треба Стружани да си се запрашаат, важи за сите нас, сите сме морони, не дупат и крадат два клана на власт.
Еее просто Македонче, коментира Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.