Два дена му беа потребни на струмичкиот градоначалник да излезе во јавноста и да даде изјава за мигрантите кои слободно се движат низ градот. Порталот Струмица денес објави снимка која покажува како десетици мигранти како слободно се движат кај местото Двата пата во Струмица, а по два дена градоналачникот Коста Јаневски во изјава за медиумите побара МВР да го спречи транзитот на мигранти низ Струмица и да се зајакнат полициските патроли на влезовите во градот и на ридовите над градот заради пресретнување на криминалните групи за криумчарење на мигранти.
Да се засили полициското присуство во градот и населените места и да се гарантира мирот, спокојството и сигурноста на граѓаните. Сите заедно да се вклучиме и да не дозволиме нарушување на мирната и стабилна безбедносна состојба по која е препознатлив нашиот град, вели Јаневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.