По неколку седмици тактизирање, неделава се очекува, конечно, да се дознаат имињата на тројца кандидати за нови уставни судии, откако кон крајот на минатиот месец им завршија деветгодишните мандати на судиите Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски.

денеска заседава собраниската Комисија за избори и именувања, која треба да ги утврди предлозите за нови уставни судии, за што потоа ќе одлучува собранискиот пленум.

Според информации на „360 степени“ од владејачкото мнозинство, се очекува за нови членови на Уставниот суд да бидат предложени поранешна пратеничка на СДСМ, која последниве години е на висока позиција во собраниската админстрација, и адвокат од Битола.

Третото место е за правник од помалите етнички заедници, за чиј избор ќе треба да се обезбеди и Бадентерово мнозинство.

Порталот Вечер од свои извори дознава дека поранешната пратеничка е Цветанка Иванова.

Актуелната генерална секретарка во Собранието Цветанка Иванова, е предложена за избор од Собранието за уставен судија со 9-годишен мандат. Цветанка Иванова, пратеник на СДСМ и државен службеник –раководител на одделние за човечки ресурси во општина Струмица, е без еден ден поминат стаж како судија, јавен обвинител, со ниту еден напишан стручен труд на било која тема од правната област. Според приложеното во Собрание, единствена квалификација за уставен судија на Иванова и е долгиот партиски стаж во СДСМ, пишува порталот.

Иванова за Вечер.мк вели дека е изненадена од можноста да биде номинирана за уставен судија, но од друга страна, вели дека е квалификувана, зашто 40 години работела како правник на различни позиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.