Струмица со 434, Тетово со 408 и Куманово со 331 активен случај се ТОП 3 општини (без Град Скопје) каде што има најголем број на активни случаи со коронавирус.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од: Скопје-91, Куманово-7, Штип-8, Прилеп-18, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-3, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-16, Радовиш-2, Кочани-9, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Валандово-2, Свети Николе-4, Кичево-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26954, бројката на оздравени пациенти е 18627, на починати е 919, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7408.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.