Овие улици се низ неколку населби во Струга и пред Домот на културата. Нивната состојба се гледа на овие снимки. Уништени и раскопани.
Вака започнува репортажата од Струга на ТВ21, од каде го контактирале и градоначалникот Рмиз Мерко, кој пак тврди – вакви улици нема ни во Европа.
Со програмата за оваа година, малку улици ќе можеме ние да покриеме. Значи имаме и поголеми можности, затоа правиме и низ руралните средини. Вие самите сте сведоци овде кај нас се направени инвестиции како во ниеден друг град. Направени се улици како што нема ниеден град во Европа, изјави градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Во Струга во последно време се асфалтирани и проширени главните улици, но не и уличките низ населбите.
Целата репортажа и повеќе фото на ТВ21
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.