Родителите нема да смеат да влегуваат во училиштето. Тие имаат право само да ги остават децата до влезот. Исклучок се родителите на дечињата со посебни образовни потреби или нивните лични асистенти, кои имаат право да влезат во училишната зграда

Од 1 септември почнува учебната година со физичко присуство за сите ученици. Како што најавија од Министерството за образование и наука, училиштата биле подготвени да ги отворат вратите за сите свои ученици. Ова е првпат учениците да се вратат во училишните клупи во полн состав откако беше прогласена пандемија на ковид-19,пишува „Факултети.мк“

 

Родителите нема да смеат да влегуваат во училиштето. Тие имаат право само да ги остават децата до влезот. Исклучок се родителите на дечињата со посебни образовни потреби или нивните лични асистенти, кои имаат право да влезат во училишната зграда

Од 1 септември почнува учебната година со физичко присуство за сите ученици. Како што најавија од Министерството за образование и наука, училиштата биле подготвени да ги отворат вратите за сите свои ученици. Ова е првпат учениците да се вратат во училишните клупи во полн состав откако беше прогласена пандемија на ковид-19.

Контролирани влез и излез

Редарска служба ќе ги контролира влезот и излезот на училиштето. Ред треба да биде воспоставен и за време на големите одмори. На вработените во училиштето, како и на учениците, при влез им се мери телесна температура. Ако некој има температура повисока од 37,4, се упатува кај матичниот лекар.

Родителите нема да смеат да влегуваат во училиштето. Тие имаат право само да ги остават децата до влезот. Исклучок се родителите на дечињата со посебни образовни потреби или нивните лични асистенти, кои имаат право да влезат во училишната зграда.

Некои од директорите на училишта со кои поразговаравме велат дека не е едноставно во практика да се изведе целиот процес кој е напишан на хартија, но уверуваат дека ќе се обезбеди максимално почитување на правилата.

– Сепак, во некои случаи не може да се испочитува сè, на пример, во одделение со 30 ученици невозможно е да се почитува протокол. Не може да се обезбеди потребната дистанца. Во однос на исхраната на децата, училишната кујна и менза ќе работат, децата со одредена динамика ќе влегуваат и ќе излегуваат од мензата. Имаме план и распоред за појадокот, со одредени тајминзи кога влегуваат учениците од одделенска настава, а кога од предметна. Не влегуваат сите во исто време. Исто ќе биде и за ручекот – вели Светлана Масларевска, директорка на училиштето „Коле Неделковски“ во Општина Центар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.